Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, објаснил некои прописи на чистотата, а тие се: Прво: Кој се абдести, треба со вода до го испере носот вшмркувајќи в...

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во носот, а потоа да ја исфрли, а тој што се чисти по физиолошка потреба нека го направи тоа со непарен број на миење. Кога некој од вас ќе се разбуди, треба да ги измие рацете пред да земе абдест, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете за време на спиењето.“ Според преданието на Муслим, се вели: „Кога некој од вас ќе се разбуди, пред да ги стави рацете во садот со вода, претходно треба да ги измие рацете трипати, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете додека спиел.“

Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува: „Алаховиот Пратеник, алејхи селам, еднаш помина покрај два гроба и рече: ,Овие двајца се казнуваат, но не за нешто големо. Едниот се казнува затоа што не се заштитил при уринирање, а другиот се казнува затоа што пренесуваше туѓи зборови.‘ Потоа зеде свежа палмова гранка, ја преполови и ја забоде во двата гроба по една половина. Асахабите го прашаа: ,О, Аллахов пратенику, зошто го направи тоа?‘ Тој одговори: ,Додека да се исушат ќе им се намали казнувањето.‘“

Енес, радијаллаху анху, раскажува: „Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, пред да влезе во тоалет, велеше: „Аллахумме инни е‘узу бике минел-хубуси вел-хабаис“ (Аллаху, барам засолниште кај Тебе од машките и женските нечесници).“

Од Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Мисвакот е средство за чистење на устата и задоволство за Господарот.“

Хузејфе, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе се разбудел од спиење веднаш ги чистел забите со мисвак .“

Од Али, радијаллаху анху, се пренесува: „Често ми излегуваше течност која што излегува пред ејакулација и ми беше срам да го прашам Аллаховиот пратеник, алејхи селам, па му реков на Микдад бин Есвед да го праша Пратеникот, а тој му одговорил: „Нека си ги измие гениталиите и нека земе абдест“. Во Бухари е забележано: „Тој рекол: ,Земи абдест и измиј ги гениталиите.‘“

Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, пренесено е дека кажала: Аллаховиот Пратеник кога се бањал по сексуален однос, прво ги миел рацете, потоа земал абдест како што се зема за намаз, потоа се капел и ја триел косата со раката, за да се увери дека кожата под неа е натопена. Трипати ја полевал со вода (косата и главата), а потоа го миел остатокот од телото. „Јас и Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, се капевме употребувајќи еден сад од каде ја зафаќавме водата.“

Амар бин Јасир, радијаллаху анху, рекол: „Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ме испрати да завршам некоја работа. Станав џунуб и бидејќи немав вода, легнав на земјата и се тркалав како што го прави тоа животното. Кога се вратив, му раскажав на Аллаховиот пратеник, што направив, а тој ми рече: ,Доволно ќе беше да ја допреш земјата вака.‘ и со дланките ја допре еднаш земјата, а потоа со левата дланка ја триеше десната, внатрешнитеи надворешните делови на дланките и на крајот го протри лицето.“

Од Мугире, радијаллаху анху, се пренесува: „Бев со Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на патување и се наведнав да му ги соблечам мествите, но тој рече: ,Остави ги, бидејќи бев со абдест кога ги облеков‘ а потоа помина со прстите (потре) по нив.“

Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува дека Фатима бинт Ебу Хубејш го прашала Аллаховиот пратеник, алејхи селам, кажувајќи му: „,Имам постојано протекување на крв и не можам да се исчистам, дали да го оставам намазот?‘ Тој одговори: ,Не, тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Ако куче пие од нечиј сад, нека го измие седумпати.“

Од Сад бин Векас, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Оној кога ќе го слушне муезинот и ги каже следниве зборови: ,Ешхеду ен ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, ве енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху, радијту биллахи раббен ве би Мухаммедин ресулен ве бил ислами динен‘, ќе му бидат простени гревовите“.