Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, Семоќниот и Возвишениот Алл...
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, нè известува дека Возвишениот Аллах го прифаќа покајанието од Своите робови. Доколку робот згреши преку ден,...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Нашиот Возвишениот Господар секоја вечер кога ќе настапи посл...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека Возвишениот Аллах се спушта на земното небо секоја вечер кога ќе настапи последната третина од но...
Од Нуман бин Бешир, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека кажал - и покажа Нуман...
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го толкува општото правило во сите работи, а тоа правило во шеријатот се дели на три дела: јасниот хал...
Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува: Еден ден бев зад Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па ми рече: „Момче, ќе те научам со овие...
Ибн Абас, радијаллаху анху, ни кажува дека, кога бил момче, јавал зад Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и Пратеникот му рекол: „Ќе те на...
Пренесено е дека Суфјан бин Абдулах ес Секафи, радијаллаху анху, рекол: „Прашав: ,О, Алаховиот Пратенику, кажи ми нешто за исламот, за што нема да мор...
Асхабот Суфјан бин Абдула, радијаллаху анху, барал Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, да го подучи на нешто сеопфатно што ја опфаќа смислата на исламо...

Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, Семоќниот и Возвишениот Аллах ја пружа Својата рака ноќе за да му даде можност за покајание на оној кој згрешил преку денот и ја пружа Својата рака дење за да му даде можност за покајание на оној кој згрешил во текот на ноќта, сè додека Сонцето не изгрее од западот.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Нашиот Возвишениот Господар секоја вечер кога ќе настапи последната третина од ноќта се спушта на земното небо и вели: ,Има ли некој што ме моли, па да му се одѕвијам? Има ли некој да бара нешто од Мене, па Јас да му дадам, има ли некој што бара од Мене прошка, па да му простам?‘“

Од Нуман бин Бешир, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека кажал - и покажа Нуман со прстите кон ушите-: „Халалот е јасен и харамот е јасен, а помеѓу нив се сомнителните работи кои не им се јасни на повеќето луѓе, па кој се оддалечи од тие сомнителни работи, тој ја сочувал својата вера и чест, а кој ќе навлезе во сомнителните работи ќе навлезе во забранетото, исто како пастирот кој го чува своето стадо блиску до забрането место, стадото лесно може да влезе во него. Секој Владател има забранети територии, а таа на Аллах се харамот. Навистина во телото има еден орган, ако е тој здрав и телото ќе биде здраво, а ако тој не е здрав и телото ќе биде расипано, а тоа е срцето."

Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува: Еден ден бев зад Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па ми рече: „Момче, ќе те научам со овие зборови: Чувај го Аллах и Тој тебе ќе те чува, Чувај го Аллах, па секогаш ќе Го најдеш пред себе. Кога бараш, барај од Аллах. Кога бараш помош, побарај ја од Аллах.И знај дека кога сите луѓе би се собрале за да ти направат дури и најмала корист, не би можеле ништо освен она што Аллах ти го одредил и го пропишал. И кога би се собрале да ти наштетат со нешто, нема да можат да ти наштетат освен онолку колку што Аллах одредил и напишал. Перото на судбината е кренато и листовите на страниците се осушени.

Пренесено е дека Суфјан бин Абдулах ес Секафи, радијаллаху анху, рекол: „Прашав: ,О, Алаховиот Пратенику, кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“

Од Нуман бин Бешир, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Примерот на верниците, во нивната меѓусебна грижа, милосрдие и сочувство, се како примерот на едно тело. Кога ќе се разболи еден дел од телото, сите останати делови реагираат со несоница и треска.“

Осман бин Афан, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој на најубав можен начин ќе земе абдест, гревовите ќе го напуштат неговото тело, па дури ќе излезат и тие под ноктите.“

Од Ебу Ејуб ел Енсари, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „При нужда, не се свртувајте кон киблата ниту со лицето, ниту со грбот. Наместо таа насока, свртете се кон истокот или западот.“ Ебу Ејуб рекол: „Кога пристигнавме во Шам, најдовме нужници изградени свртени кон киблата, се свртувавме налево или надесно и баравме прошка од Возвишениот Аллах.“

Ебу Катаде, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нека не го држи половиот орган со десната рака додека мокри, не ја користете десната рака при чистење по нужда, и немојте да дувате во садот од кој пиете.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах не го прифаќа намазот на кој било од вас, кој е без абдест (состојба на хадес-правна нечистотија), сè додека не земе абдест.“

Џабир, радијаллаху анху, рекол: Омер бин Хатаб ме извести дека: Некој човек земал абдест и не си ја измил ногата колку површината на ноктот. Пратеникот го набљудувал и му рекол: „Врати се назад и убаво земи абдест.“, па тој го повторил абдестот, а потоа клањал.

Од Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува: „Се враќавме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, од Мека кон Медина. На патот, кога пристигнавме до место со вода, некои луѓе побрзаа во времето на икиндија да земат абдест набрзина. Кога стигнавме кај нив, забележавме дека задниот дел од нивните пети останал сув, бидејќи водата не ги допрела. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Тешко на петите од огнот! Земајте го абдестот потполно!‘“