- Обврска е стапалата да се мијат при абдестот, бидејќи да беше дозволено само потирањето, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, немаше да се закани со оган за оној кој го пропушта миењето на петите.
- Потребно е целосно опфаќање со вода на деловите што се мијат при абдестот. Оној кој намерно или од немарност ќе остави дури и најмал дел од телото неизмиен, неговиот намаз нема да биде валиден.
- Важноста на подучување и упатување на неуките.
- Учениот е должен да укаже на пропустите во исполнувањето на ваџибите и сунетите, користејќи соодветен и мудар пристап.
- Мухамед Исхак ед-Дехлеви рекол: „Темелното миење при абдестот може да се подели на три вида: ваџиб – кое подразбира целосно поливање на местото со вода еднаш; сунет – миењето трипати; и препорачано – подолго и потемелно миење со повторување трипати.“