Се пренесува од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал: „Делата се ценат според намерата,...
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни објаснува дека сите дела ќе се вреднуваат според намерата, и таквиот пропис е општ и се однесува на...
Од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, кој раскажува: Еден ден додека бевме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се појави човек во сосем...
Омер, радијаллаху анху, нѐ известил дека Џибрил алејхи селам, дошол кај асхабите радијаллаху анхум, во облик на човек кој не го познавале, една од нег...
Муаз, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Заедно со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бевме качени врз магаре кое се викаше Уфејр. Тој...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува кое е правото на Аллах кон Неговите робови и кое е правото на робовите кон Аллах. Правото на Ал...
Пренесено е дека Аиша, радијаллаху анха, кажала: Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Оној што внесува во нашата вера она што не...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека кој измислува нешто ново во верата или прави дело што не е базирано врз Куранот и Сунетот, тоа ќе...
Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Исламот се темели врз пет (столба): сведоштво...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, го споредува исламот со прецизно изградена зграда, која има пет темели во објектот, а останатите пропишани дела се...

Се пренесува од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал: „Делата се ценат според намерата, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил, па така тој што наумил да направи хиџра кон Аллах и Неговиот пратеник, хиџрата ќе му биде кон Аллах и Неговиот пратеник, а кој наумил преселба заради корист од овој свет или заради брак со некоја жена, тогаш неговата преселба ќе биде за тоа што за што ја наумил.“ Во предание кое го пренесува Бухари стои: „Делата се ценат според намерите, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил.“

Од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, кој раскажува: Еден ден додека бевме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се појави човек во сосема бела облека и со сосема црна коса, кај него не се забележуваше трага од патување, а никој од нас не го познаваше, тогаш седна кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и ги потпре колената до колената на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рацете ги спушти врз своите бутови и рече: „О, Мухамед, извести ме за исламот." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Ислам е да сведочиш дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник, да клањаш намаз, да даваш зекат, да постиш во рамазан и да одиш на аџилак ако си во можност." Овој му рече: „Вистината ја кажа." Омер вели: Ние се зачудивме, прво го прашува а потоа потврдува. Потоа пак го праша: „Извести ме за иманот." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите пратеници, во Судниот Ден и да веруваш во Одредбата било да е добро или лошо." Човекот пак рече: „Вистината ја кажа", и додаде: „Извести ме за Добродетелство." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Тоа е да го обожуваш Аллах како да Го гледаш пред себе, бидејќи иако ти не Го гледаш, Тој те гледа." Човекот пак праша: „Извести ме за крајот на светот." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Прашаниот не знае ништо повеќе од тој што прашува." Човекот праша: „Кажи ми ги тогаш предзнаците." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Робинката да го роди својот господар, и да видиш голи, боси и сиромашни чобани како се натпреваруваат во изградба на високи зданија." Омер рече: Потоа човекот отиде, а јас останав, и Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ме праша: „Омер, дали знаеш кој беше човекот?" Јас реков: "Аллах и Неговиот пратеник најдобро го знаат тоа." Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа беше Џибрил, дошол да ве поучи за вашата вера."

Муаз, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Заедно со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бевме качени врз магаре кое се викаше Уфејр. Тој ми рече: ,О Муаз, дали знаеш кое е правото на Аллах врз Неговите робови и кое е правото на робовите кон Аллах?’ Јас одговорив: ,Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.’ Тој ми рече: ‘Правото на Аллах врз Неговите робови е да Го обожуваат и никого да не Му припишуваат како здруженик. Правото на робовите кон Аллах е да не го казни оној кој не Му припишува ништо како здруженик.’ Јас прашав: ,О, Аллахов Пратенику, дали да ги известам луѓето за ова?’ Тој ми рече: ,Не ги известувај, за да не се потпрат на тоа.’”

Пренесено е дека Аиша, радијаллаху анха, кажала: Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Оној што внесува во нашата вера она што не е од неа, тоа е отфрлено.“ Овој хадис го регистрирале Бухари и Муслим, а Муслим исто така наведува: „Кој ќе прави дело кое не е според нашата вера, ќе биде отфрлено.“

Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“

Енес ибн Малик, радијаллаху анху, вели: Во една прилика Аллаховиот пратеник, алејхи селам, јавал а зад него, на истата јаваница бил и Муаз. Во едне момент тој му се обратил велејќи: „.О, Муаз бин Џебел!‘, Муаз одговорил: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и те слушам!‘ Потоа повторно го повика: ,О, Муаз!‘, тој пак му одговори: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и ти се покорувам.‘ Тоа се повтори и по трет пат, а Пратеникот му рече: ,Секоја личност која искрено од своето срце ќе посведочи дека не постои вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов Пратеник, а да не му биде забранет џехенемскиот огин.‘ Муаз го прашал: ,Аллахов Пратенику, дали да им го пренесам ова на луѓето, за да бидат среќни?‘ Пратеникот му рече: ,Ако тоа го направиш ќе се опуштат.‘ Сепак, при крајот на својот живот, Муаз сепак им го пренел на луѓето од страв да не направи грев (ако не пренесе говор на Аллаховиот пратеник).“

Од Тарик бин Ешјем ел Ешџеи, радијаллаху анху, се пренесува: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кој ќе каже: ,Ла илахе иллаллах‘ – дека нема вистински бог освен Аллах и негира сè друго што се обожува покрај Аллах, неговиот имот и живот се заштитени (свети), а пресметката со него ќе биде кај Аллах.“

Џабир, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го праша: ,О, Аллахов Пратенику, кои се двете неопходни работи?’ Божјиот пратеник одговори: ‘Кој ќе умре без да Му припишува рамен на Аллах, ќе влезе во Џенетот. А кој ќе умре припишувајќи Му рамен на Аллах, ќе влезе во Огнот.’“

Се пренесува дека Абдулах ибн Месуд, радијаллаху анху, рекол: Аллаховиот пратеник, алејхи селам, искажа нешто, а и јас кажав. Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, кажа: „Кој ќе умре правејќи Му ширк на Аллах, ќе влезе во Џехенемот“, а јас додадов: „Кој ќе умре неправејќи му ширк на Аллах, ќе влезе во Џенетот.“

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече на Муаз ибн Џебел кога го испрати во Јемен: „Одиш кај народ од ехли китаб (следбениците на книгата - евреи и христијани). Кога ќе стигнеш, повикај ги да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник. Ако го прифатат тоа, извести ги дека Аллах им наредил пет задолжителни намази во текот на денот и ноќта. Ако го прифатат и тоа, извести ги дека Аллах им наредил садака (задолжителен зекат) која се зема од богатите и им се враќа на сиромашните. Ако го прифатат и тоа, не земај од нивните скапоцени имоти и чувај се од довата на угнетениот, бидејќи помеѓу него и Аллах, нема превез.“

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Некој праша: О, Аллахов пратенику, кој ќе биде најсреќен со твоето застапување на Судниот ден?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Како што и помислив, о Ебу Хурејре, дека никој нема да ме праша за ова пред тебе, поради твојата желба за хадисите. Најсреќен со моето застапување на Судниот ден ќе биде оној кој искрено од срце или душа ќе рече: Нема друг вистински бог освен Аллах.’“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верувањето има повеќе од седумдесет – или повеќе од шеесет – гранки. Највредната од нив е изјавата: ,Ла илахе иллаллах – Нема друг вистински бог освен Аллах‘, а најниската е отстранувањето на пречка од патот. И срамежливоста е еден огранок на верувањето.“