- Објаснување на Аллаховото право кон Неговите робови, кое Тој го наредил, а тоа е да Го обожуваат само Него и да не Му припишуваат ништо/никого како здруженик.
- Објаснување на правото на робовите кон Аллах, кое Тој го наредил на Себе од милост и благодат, а тоа е да ги внесе во Џенетот и да не ги казнува.
- Ова е голема радосна вест за оние кои го обожуваат Аллах и не Му припишуваат ништо, дека нивната крајна дестинација е влезот во вечниот Џенет.
- Муаз го пренел овој хадис пред својата смрт, од страв да не направи гревот на прикривање на знаењето.
- Предупредување за непренесувањето на некои хадиси кај некои луѓе од страв дека нема да го разберат нивното значење; ова се однесува на она што не е поврзано со некоја практична работа која треба да се ивршува ниту има некоја шеријатски пропишана граница.
- Грешниците кои го обожуваат само Аллах се под Неговата волја: ако сака, ќе ги казни, а ако сака, ќе им прости, а потоа нивната крајна дестинација е Џенетот.