- Да изговориме „Ла илахе иллаллах“, и да негираме сè што се обожува покрај Аллах, е услов да станеме муслимани.
- Значење на „Ла илахе иллалла“ е негирање на секое друго божество кое се обожува освен Аллах, било да е идол, гроб или нешто друго и само Нему да Му ги посветуваме нашите ибадети – богоугодни дела.
- Кој ќе го манифестира монотеизмот и притоа се придржува кон неговиот верозакон, таквиот ќе биде заштитен додека не направи нешто што се спротивставува на претходното декларирање и однесување.
- Имотот, животот и честа на секој муслиман се свети, освен ако правдата бара поинаку.
- Прописите на овој свет се донесуваат според фактите, а на идниот свет според наумот и целта.