Од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Ако вистински се...
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни дава поттик да се потпираме врз Аллах Возвишениот, било да се работи за добивање на некаква корист...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што јава ќе го поселами тој што пешачи, пеша...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè упатува на правилата при поздравувањето со селам: „Еселаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху.“ Помладиот ќе...
Од Ебу Зер, радијаллаху анху, се пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Возвишениот Аллах дека рекол:„О робови Мои, Ј...
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни укажува на фактот дека Возвишениот Аллах ја забранил Себеси неправдата, а исто така ја забранил и н...
Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Пазете се од неправдата! Навистина непра...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè предупредува од неправдата, како што е: угнетувањето на луѓето, неправдата кон себе и неисполнувањето на Аллахов...
Ебу Муса, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но ко...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè предупредува за тоа колку е погубно да се настојува во гревови, ширк (политеизам) и неправда кон луѓето. Аллах,...

Од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни а навечер долетуваат сити.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што јава ќе го поселами тој што пешачи, пешакот ќе го поселами тој што седи, а помалата група ќе ја поселами поголемата.“

Од Ебу Зер, радијаллаху анху, се пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Возвишениот Аллах дека рекол:„О робови Мои, Јас Самиот Себеси си ја забранив неправдата, и ја забранив меѓу вас, затоа не бидете неправедни меѓусебно. О робови Мои, сите сте во заблуда освен тие кои ги упатив, затоа барајте од Мене упатство, па ќе ве упатам. О робови Мои, сите сте гладни, освен оној кого Јас ќе го нахранам, затоа побарајте од Мене да ве нахранам, и Јас ќе ве нахранам. О робови Мои, сите сте необлечени, освен оној што Јас го облекувам, затоа побарајте од Мене да ве облечам, и Јас ќе ве облечам. О робови Мои, вие грешите и дење и ноќе, а Јас сум Тој кој ги простува сите гревови, затоа барајте од Мене да ви простам, и Јас ќе ви простам. О робови Мои, никогаш не можете да смислите нешто што ќе Ми нанесе штета, а потоа да Ми ја направите, ниту пак можеш да смислите нешто што ќе Ми донесе корист, па да Ми ја направите. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле богобојазливи како најбогобојазливиот меѓу вас, тоа воопшто не би ја зголемило Мојата власт. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле грешници како најрасипаниот меѓу вас, тоа нема да ја намали Мојата власт! О робови Мои, ако сите луѓе и џини, од првиот до последниот, се соберат на едно место и од Мене бараат сè што ќе посакат, а потоа на секој од нив да му го дадам она што го побарал, тоа нема да го намали она што го поседувам. Ни толку колку што игла натопена во морето би ја намалила водата! О робови Мои, вашите дела се најбитни, сѐ е сочувано кај Мене и Јас ќе наградам според направеното. Затоа, кој ќе најде добро и награда, нека Му се заблагодари на Аллах, а кој ќе најде казна и зло, да не обвинува никого освен себеси.

Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Пазете се од неправдата! Навистина неправдата ќе биде темнини на Судниот ден. Пазете се од среброљубието! Навистина среброљубието ги уништи оние пред вас. Таа ги натера да пролеат крв и да си го дозволат она што беше забрането.“

Ебу Муса, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега. Потоа, Пратеникот го рецитирал ајетот: ,Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства, Тој ги казнува, навистина, болно и страшно.‘“ [Худ: 102].

Од Ибн Абас, радијаллаху анхума Од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој пренесува од својот Возвишен Господар: Рекол Возвишениот:„Аллах ги одредил добрите и лошите дела, потоа ги појаснил, тој што ќе посака да направи добро дело, но не го направи, Аллах ќе го запише кај Себе како да го направил, а кој пак одлучи да направи добрина и тоа го направи, Аллах ќе му запише од десет до седумстотини пати повеќе севапи, додека тој што ќе посака да направи лошо дело, но нема да го направи, Аллах ќе му запише за тоа како потполна добрина, но доколку посака и го направи, Аллах ќе му запише само еден грев."

Од Ибн Месуд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Еден човек праша: „О, Аллахов Пратенику, дали ќе бидеме казнети за она што сме го правеле во времето на незнаењето (џахилиет)?“ Тој одговори: „Кој ќе биде добар во исламот, нема да биде казнет за она што го правел во времето на незнаењето. А кој ќе биде лош во исламот, ќе биде казнет и за првото и за последното.“

Од Хаким бин Хизам, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „О, Аллахов Пратенику, што е со делата што ги правев во времето на џахилиетот, како што се милосрдието, ослободувањето на робовите и одржувањето на роднинските врски? Дали за нив има награда?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Исламот го прими заедно со добрите дела што си ги направил.“

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах не му прави неправда на верникот за неговото добро дело; го наградува на овој свет и ќе го награди и на идниот свет. Што се однесува на неверникот, тој ќе биде награден за добрите дела што ги направил за Аллах на овој свет, но кога ќе дојде на идниот свет, нема да има добро дело за кое ќе биде награден.“

Од Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Возвишениот Аллах рекол: О сине Адемов, сè додека Ми се обраќаш со дова и се надеваш во Мене, ќе ти простам, без разлика на твоите гревови, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, доколку твоите гревови достигнат до небесата, а потоа побараш прошка од Мене, ќе ти простам, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, ако дојдеш кај Мене со гревови колку што е Земјата, но не Ми припишуваш здруженици, ќе ти дојдам со исто толкава прошка."

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува, дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесувајќи од својот Господар рекол: „Кога робот ќе направи грев и ќе рече: ,Аллаху мој, прости ми го мојот грев.', Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите, прави што сакаш, Јас ти ги простив гревовите.'"

Али рече: „Кога ќе слушнев нешто од Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, Возвишениот би ми дал да имам корист од тоа, онолку колку што Тој сака. И ако некој од асхабите ќе ми кажеше нешто, ќе побарав од него да се заколне, па ако се заколнеше ќе му поверував, а Ебу Бекр ми кажуваше, а тој ја кажува вистината, дека го слушнал Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, како вели: „,Нема ниту еден Божји роб кој ќе направи грев, а потоа ќе земе абдест, па ќе клања намаз, а после тоа ќе побара прошка од Аллах, а да не му прости Возвишениот‘ потоа го цитираше куранскиот ајет: ,И за тие кои, кога нешто лошо ќе сторат или себеси насилство ќе си сторат, на Аллах ќе се сетат и прошка за своите гревови молат.‘“ (Али Имран: 135)