Од Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Сакате ли да ве известа...
Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, ги праша асхабите: „ Сакате ли да ве известам за најдобрите ваши дела, највозвишените и најчистите к...
Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секоја ноќ кога ќе легнел во постела, ги собирал длан...
Од праксата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше кога ќе легнеше да спие, да ги собере дланките, да ги подигне како за време на дова и...
Од Шедад бин Евс, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: Најдобраната помеѓу довите за барањето пр...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека барањето прошка има неколку форми, а најдобрата и највредната е Аллаховиот роб да каже: „Аллахумм...
Од Абдулах бин Хубејб, радијаллаху анху, е пренесено дека рекол: „Една дождлива и темна ноќ излеговме да го бараме Пратеникот, алејхи селам, да клања...
Еден примерен асхаб, Абдулах ибн Хубејб, радијаллаху анху, ни кажува дека излегол една темна и дождлива ноќ заедно со неколку асхаби. Го барале Аллахо...
Од Семуре бин Џундуб, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем вели: „На Аллах најмил говор Му се чет...
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известува дека најмили зборови кои Аллах Возвишениот ги сака се четири: Субханалах: што значи на...

Од Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Сакате ли да ве известам за најдоброто од вашите дела, најчистото кај вашиот Господар, она што најмногу ги воздигнува вашите степени, кое е подобро од давањето злато и сребро како садака и подобро од тоа да се соочите со вашите непријатели, па да ги удирате по вратовите, а тие да ве удираат по вратовите?‘ Тие рекоа: .Секако!‘ Тој рече: ,Спомнувањето на Возвишениот Аллах.‘“

Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секоја ноќ кога ќе легнел во постела, ги собирал дланките, дувал во нив и рецитирал: (Кажи: „Тој е Аллах, Еден е!"), (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на мугрите.") и (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на луѓето"). Потоа, поминуваше со дланките преку телото колку што можеше, почнувајќи од главата и лицето и продолжувајќи со остатокот од телото. Ова го правеше трипати.

Од Шедад бин Евс, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: Најдобраната помеѓу довите за барањето прошка за гревовите е да кажеме: „Аллахумме Енте Рабби, ла илахе илла Енте, халактени, ве ене ‘абдуке, ве ене ‘ала ‘ахдике ве ва’дике местета’ту, е’узу бике мин шерри ма сана’ту, ебу’у леке би ни’метике 'алејје, ве ебу’у леке би зенби, фагфир ли фе иннеху ла јагфируз-зунубе илла Енте.“ (Аллаху Ти си мој Господар, нема друг Бог освен Тебе, Ме создаде и јас сум Твој роб и колку што можам ќе се трудам да го извршам мојот завет кон Тебе, заштити ме од лошото што го направив, ги признавам Твоите благодати кон мене и ги потврдувам моите гревови. Прости ми, затоа што единствено Ти простуваш гревови). Ако ова го изговори наутро, убеден дека е вистина, па умре тој ден, ќе влезе во Џенетот, а ако тоа го изговори навечер, убеден дека е вистина, па умре таа ноќ, ќе влезе во Џенетот.“

Од Абдулах бин Хубејб, радијаллаху анху, е пренесено дека рекол: „Една дождлива и темна ноќ излеговме да го бараме Пратеникот, алејхи селам, да клања со нас, па кога го стигнав тој ми рече: ,Кажи.‘, а јас не кажав ништо, повторно ми рече: ,Кажи.‘, а јас пак не кажав ништо, тој повторно рече: ,Кажи.‘, па реков: ,Што да кажам?‘, а тој рече: ,Кажи ги ,Кул хуваллаху ехад‘ и двете заштитнички сури (Фелек и Нас) трипати навечер и наутро, тоа ќе те заштити од сè.‘“

Од Семуре бин Џундуб, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем вели: „На Аллах најмил говор Му се четири реченици: Субханалах, Елхамдулиллах, Ла илахе иллаллах и Аллаху Екбер, не е важно со која би започнал.".

Ебу Ејуб, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Кој ќе каже: ,Ла илахе иллаллаху вехдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве ала кулли шејин кадир‘, десетпати ќе има награда како да ослободил четири робови од потомството на Исмаил.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Два збора, лесни за јазикот но тешки на вагата, мили на Милостивиот: Субханаллахил-Азим и Субханаллахи ве би хамдихи."

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Кој ќе каже: ,Субханаллахи ве би хамдихи‘, во еден ден, стопати, ќе му се избришат гревовите, дури и да се колку што ја има морската пена.“

Ебу Малик ел Ешари, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата. Намазот е светлина, милосрдието (садаката) е доказ, трпението е сјај, а Куранот е доказ за тебе или против тебе. Секој човек поранува и ја тргува со својата душа, па или ќе ја ослободи или ќе ја уништи.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Повеќе сакам да кажам: ,субханаллах, елхамдулиллах, ла илахе илаллах, Aллаху екбер‘, отколку да поседувам она врз кое изгрева Сонцето.“

Џабир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Најдобриот зикр е: Ла илахе иллаллах, а најдобрата дова е: Елхамдулиллах.“

Хавла бинт Хаким ес Сулемије пренесува: Го слушнав Аллаховиот ператеник, алејхи селам, дека рекол: „Кој ќе отседне на некое место и каже: ,Е’узу би келиметиллахит-таммати мин шерри ма халека.‘ (Барам заштита, со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.) Ништо лошо нема да му се случи сè додека не замине од тоа место.“