Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кому Аллах му посакува добро, го става на искуше...
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил дека кога Аллах му посакува на некој од Неговите робови верници добрина, Тој ги става во р...
Од Ебу Сеид ел Худри и од Ебу Хурејре, радијаллаху анхума, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верникот кој ќе б...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека болестите, тагите, грижите, гладот, стравот и другите тешкотии кои го погаѓаат верникот, па дури...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Искушенијата нема да престанат да го...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека искушенијата и неволјите постојано ќе го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, п...
Сухејб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Чудна е состојбата на верникот; тој секога...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се чуди на состојбата на верникот и на она што го снаоѓа, со позитивно чудење, бидејќи сите негови состој...
Од Ебу Муса ел Ешари, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Робот кога ќе се разболи...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, зборува за милоста и благодатта на Аллах, и дека муслиманот, ако редовно правел добри дела додека бил здр...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кому Аллах му посакува добро, го става на искушение."

Од Ебу Сеид ел Худри и од Ебу Хурејре, радијаллаху анхума, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верникот кој ќе биде погоден од болест, неволја, грижа, тага, слабост или болка, дури и трнот со кој ќе се боцне, Аллах, Возвишениот, поради тоа ќе му ги прости гревовите.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“

Сухејб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Чудна е состојбата на верникот; тој секогаш е во добро и само верникот може да биде во таква состојба. Ако го снајде некаква радост, тој е благодарен и тоа е добро за него, а ако го снајде некаква тешкотија, тој е трпелив и тоа повторно е добро за него.“

Од Ебу Муса ел Ешари, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Робот кога ќе се разболи или ќе биде на пат, ќе му биде запишана наградата за она што го прави, како за делата кои имал навика да го прави како кога бил здрав и дома.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Побрзајте со добрите дела пред да дојдат искушенија што ќе бидат како мрачните темнини на ноќта. Тогаш човекот ќе го дочека утрото како верник, а вечерта како неверник, или ќе ја дочека вечерта како верник, а утрото како неверник. Тој ќе ја продаде својата вера за незначителна овоземна корист.“

Муавија, радијаллаху анху, рекол: „Го слушнав Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, како вели: ,Кому Аллах посакува добро, ќе му даде да ја разбере верата. Јас сум само оној кој дели, а Аллах е Оној Кој дава. Овој умет секогаш ќе биде на вистината, нема да му наштети никој што ќе му се спротивстави, сè додека не дојде Аллаховата одлука'.”

Џабир бин Абдуллах, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не изучувајте го знаењето за да се фалите пред учените, ниту за да расправате со незнајковците, ниту за да барате почесни места. Кој го прави тоа, ќе биде во Огнот, Огнот!“

Осман, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најдобриот меѓу вас е оној кој ќе го научи Куранот и другите ќе ги подучува со него.“

Од Ебу Абдурахман ел-Сулеми, Аллах нека му се смилува, се пренесува дека рекол: „Асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кои нè подучуваа на Куранот, ни кажуваа дека кога ќе научеле десет ајети од Пратеникот, не продолжувале со следните десет додека не ги разберат и применат знаењата и делата содржани во тие ајети. Велеа: ,На тој начин ја научивме и теоријата и праксата.'“

Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе проучи харф - буква од Аллаховата Книга, ќе има добро дело, за кое ќе биде десетократно награден. Јас не велам дека ,Елиф-лам-мим‘ е еден харф, туку ,елиф‘ е харф, ,лам‘ е харф и ,мим‘ е харф.“

Абдуллах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „На читачот на Куранот ќе му се каже: Читај и искачувај се, и рецитирај како што рецитираше на дуњалукот, бидејќи твоето место ќе биде кај последниот ајет што ќе го прочиташ.“