- Вредноста на благодарноста за благодатите и трпението во тешкотиите е неизмерна. Кој ќе ги примени овие две доблести, ќе добие добро и на овој и на идниот свет. Но, оној кој нема да биде благодарен за благодатите и нема да биде трпелив во тешкотиите, ќе ја пропушти наградата и ќе се изложи на грев.
- Вредноста на иманот, бидејќи наградата во секоја состојба ја добиваат само оние со вистински иман.
- Благодарноста во моментите на радост и трпеливоста во моменти на тешкотии се меѓу најистакнатите карактеристики на вистинските верници.
- Верувањето во Аллаховата одредба му овозможува на верникот да биде задоволен и смирен во сите состојби. Наспроти тоа, оној што не верува е постојано незадоволен кога ќе го снајде тешкотија. А ако добие благодат од Аллах, наместо да Му биде покорен, тој се преокупира со неа, па дури и ја користи во грев.