Ибн Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Џибрил толку често ме советуваше (да се однесувам...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нѐ известил дека Џибрил постојано му укажувал дека е неопходно да се грижи за соседот, без разлика дали е близок ил...
Ебу Дерда, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе ја одбрани честа на својот брат, Аллах ќе г...
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил дека кој ќе ја одбрани честа на својот брат муслиман, додека е тој отсутен, и ќе спречи ло...
Од Енес, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде вистински ве...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека иманот на муслиманот нема да биде целосен сè додека не го посака за својот брат истото она...
Аиша, радијаллаху анха, жената на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, пренесува дека Аллаховиот пратеник рекол: „Блажината каде и да е, ја разубавува с...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни кажува дека нежноста и љубезноста, со зборови и дело, ги разубавуваат и усовршуваат сите нешта и дека оној што г...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина верата е лесна, и секој што...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека верата во основа е лесна и едноставна во сите нејзини аспекти. Оваа леснотија се нагласува...

Ибн Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Џибрил толку често ме советуваше (да се однесувам добро) со соседот, што помислив дека ќе има удел во наследството.“

Ебу Дерда, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе ја одбрани честа на својот брат, Аллах ќе го заштити неговото лице од џехенемскиот оган на Судниот ден.“

Од Енес, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“

Аиша, радијаллаху анха, жената на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, пренесува дека Аллаховиот пратеник рекол: „Блажината каде и да е, ја разубавува секоја работа, а таму каде што изостанува таа работа се нагрдува.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина верата е лесна, и секој што ќе се обиде да претерува во неа, таа ќе го надвладее. Затоа, стремете се кон умереноста и приближете се до неа, радувајте се и помогнетеси себеси во утринските и вечерните часови, како и во дел од ноќта.“

Од Енес ибн Малик, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Олеснувајте, а не отежнувајте, израдувајте и не растерувајте.“

Енес, радијаллаху анху, раскажува: Бевме кај Омер, па ни рече: „Ни беше забрането да бидеме услини/извештачени.“

Енес бин Малик, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах е задоволен од робот кој, кога нешто јаде, Му Се заблагодарува за тоа, или кога нешто пие, Му Се заблагодарува за тоа.“

Селеме ибн ел Екве, радијаллаху анху, пренесува дека еден човек кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, јадел со левата рака. Пратеникот му рекол: „,Јади со десната рака‘, а тој одговорил: ,Не можам‘. Пратеникот му кажа: ,И да не можеш!‘, ароганцијата не му дозволи да јаде со десна рака. И после ова, овој човек не можеше повеќе да ја крене (десната) рака до устата.“

Од Сехл бин Муаз бин Енес, од неговиот татко, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој по јадењето ќе каже: Елхамду лиллахиллези ет‘амени хаза ве резаканихи мин гајри хавлин мини ве ла кувветин (Благодарност на Аллах, Кој ме нахрани со ова и ме снабди без моја сила и моќ), ќе му бидат простени претходните гревови.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: ,,Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе кивнел, ја ставал раката или облеката врз устата и се обидувал да го намали гласот на кивањето."

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах сака да се прифатат Неговите олеснувања, исто како што сака да се прифатат и Неговите строги наредби.“