- Човекот е должен да му го посака на својот брат истото што го посакува за себе, бидејќи негацијата на иманот кај оној што не го прави тоа укажува дека се работи за должност.
- Братството во името на Аллах е над крвното братство, затоа неговите права се поприоритетни.
- Сè што е во спротивност со оваа љубов е забрането, било со зборови или дела, како што се измамата, озборувањето, зависта и нападот врз животот, имотот или честа на муслиманот.
- Во хадисот се користат зборови што поттикнуваат на дело, како што е изразот „на својот брат“.
- Ел-Кирмани, Аллах нека му се смилува, рекол: „Дел од иманот е исто така човекот да го мрази за својот брат она што го мрази за себе од злото. Ова не е дирекно спомнато во хадисот, бидејќи љубовта кон нешто неизбежно подразбира омраза кон неговата спротивност, па затоа не било потребно да се нагласи.“