Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Дали знаете што е озборување?“ Рекоа: „Аллах и Неговио...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни го дава вистинскиот опис за забранетото озборувањето, а тоа е да се спомне муслиманот кој е отсутен со она што н...
Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Секое опојно средство е алкохол и секое...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека сè што го заматува и ограничува разумот се смета за опојно средство, без разлика дали се ко...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Пазете се од сомнежот, навистина тој е најлажнио...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забранил и предупредил од некои работи кои создаваат нетрпеливост и непријателство помеѓу муслиманите, а такви се:...
Хузејфе, радијаллаху анху, рекол: „Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Нема да влезе во џенет ,катат'."
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè известува дека тој што ќе му пренесе туѓ говор на друг со цел да ги расипе нивните односи, ја заслу...
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Ќе им биде простено...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека за муслиманот грешник, треба да се надеваме дека Возвишениот ќе му прости, освен ако тој јавно не...

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Дали знаете што е озборување?“ Рекоа: „Аллах и Неговиот пратеник тоа најдобро го знаат.“ Рече: „Да го спомнеш твојот брат со она што тој го мрази.“ Прашаа: „А доколку тој го има тоа што го спомнуваме?“ „Доколку тоа го има вие тогаш го озборувате а доколку го нема тогаш се работи за клевета“, одговори Аллаховиот пратеник.“

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Секое опојно средство е алкохол и секое опојно средство е харам. Кој ќе пие алкохол на овој свет и умре зависен од него, без да се покае, нема да го пие на идниот свет.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Пазете се од сомнежот, навистина тој е најлажниот говор. Немојте да се демнеете и да се шпионирате, немојте да си завидувате ниту да си вртите грб едни на други и не мразете се, туку бидете Аллахови робови и браќа!“

Хузејфе, радијаллаху анху, рекол: „Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Нема да влезе во џенет ,катат'."

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Ќе им биде простено на сите мои следбеници, освен оние кои јавно ќе го разгласат (гревот). Јавно разгласување на гревови е кога некој ќе направи нешто во текот на ноќта, а наутро, откако Аллах ќе му го сокрие тоа, ќе повика некого и ќе му рече: ,Синоќа направив тоа и тоа.‘, тој заспал со грев сокриен од својот Господар, а се разбудил споделувајќи го она што Аллах го сокрил од другите.“

Од Аиша, радијаллаху анха, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најлош човек кај Аллах е кавгаџијата што се расправа.“

Од Ебу Бекрете, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога два муслимана ќе ги вкрстат меѓусебно сабјите, и убиецот и убиениот ќе бидат во Џехенемот." Кажав: "О, Аллахов пратенику, во ред за убиецот, но зошто и убиениот?" Рече: „И тој се трудеше да го убие својот пријател."

Од Аиша, радијаллаху анха, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не зборувајте лошо за умрените, бидејќи тие се сретнаа со тоа што го подготвија (на овој свет)."

Од Ебу Ејуб ел Енсари, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не му е дозволено на човекот да не зборува со својот брат повеќе од три дена, се сретнуваат и еден на друг му го вртат грбот. Подобар е тој што прв ќе се поздрави со селам.“

Од Сахл бин Сад, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе ми гарантира дека ќе го чува она што е меѓу неговите вилици и она што е меѓу неговите нозе, јас му го гарантирам Џенетот.“

Ебу Сеид ел Худри, радијаллаху анху – кој учествуваше во дванаесет битки заедно со Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: Слушнав четири работи од Аллаховиот пратеник, алејхи селам, и многу ми се допаѓаат: „Жената не патува растојание кое се поминува за два дена, ако не е придружувана од мажот или од махрем. Нема постење на два дена: Фитр и Курбан Бајрам. Нема намаз од мугрите додека Сонцето не излезе потполно, ниту од попладне (икиндија) до зајдисонце. Не се патува со намера освен кон три џамии: Месџидул Харам во Мека, Месџидул Акса во Ерусалим и оваа џамија (во Медина).“

Од Усаме бин Зејд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „После мене, за мажите, не оставив поголемо искушение од жените.“