- Аллаховиот пратеник, алејхи селам, убаво подучува, објаснувајќи ги проблемите преку поставеното прашање.
- Убавиот однос на асхабите кон Аллаховиот пратеник, алејхи селам, кога одговорија: Само Аллах и Неговиот пратеник го знаат тоа.
- Кога прашаниот не го знае одговорот ќе каже: Аллах најдобро знае.
- Исламското законодавство ја штити заедницата со почитување на нивните права и генерира братски однос во истата.
- Озборувањето е забрането, освен во неколку случаи кога се работи за поголема корист. На пример: отстранување на неправдата со тоа што оној на кој му е сторена неправда ќе го спомене оној што му згрешил, пред оној што може да ја отстрани таа неправда, ќе каже: Тој и тој ми направил штета, или вака и вака се однесувал со мене. Исклучок е и кога некој сака да се ожени, кога некој сака да влезе во деловен однос или кога некој сака да се пресели во некое место, па прашува за соседите и слично на овие ситуации.