Од Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Бевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога рече: ,,Кој...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги поттикнал оние кои имаат способност за интимност и можност да ги сносат трошоците на бракот, да стапат...
Ебу Сеид ел Худри, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Дуњалукот (овој свет) е сладок и зелен. Во...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни го опишува овој свет како нешто со сладок вкус и чиј изглед е зелен и привлечен. Поради ова, човекот може да бид...
Пренесено е дека Укбе бин Амир, радијаллаху анху, рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем рекол: „Најважен услов кој мора до го исполнит...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека најважните услови кои мора да ги почитуваме се оние заради кои ти е дозволен интимен однос со соп...
Абдуллах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Овој свет е (привремено) уживање, а најго...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известува дека овој свет и она што е во него, е нешто што луѓето го користат/уживаат во него одредено време, а п...
Од Абдурахман бин ебу Лејла се пренесува дека биле кај Хузејфе, па тој побарал вода. Еден меџусија му донел вода, но кога ја зеде чашата во раката, Ху...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им забранил на мажите да носат свила во која било форма. Исто така, им забранил и на мажите и на жените д...

Од Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Бевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога рече: ,,Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него."

Ебу Сеид ел Худри, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Дуњалукот (овој свет) е сладок и зелен. Возвишениот Аллах те создаде на него за да види како ќе работиш. Затоа, чувај се од овој свет и чувај се од жените, навистина првото искушение на синовите Израилови дојде од жените."

Пренесено е дека Укбе бин Амир, радијаллаху анху, рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем рекол: „Најважен услов кој мора до го исполните е оној со кој ви се дозволени интимните делови (односи).“

Абдуллах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Овој свет е (привремено) уживање, а најголемото уживање на овој свет е добра сопруга.“

Од Абдурахман бин ебу Лејла се пренесува дека биле кај Хузејфе, па тој побарал вода. Еден меџусија му донел вода, но кога ја зеде чашата во раката, Хузејфе ја фрли и рече: „Да не сум го предупредил повеќепати, немаше да постапам вака.“ Ова го направил бидејќи слушнал од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Не носете свила и брокат, не пијте од златни и сребрени садови и не јадете од таквите чинии, бидејќи тие се за нив (немуслиманите) на овој свет, а за нас на идниот свет.“

Ибн Омер, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил „ел каз“ (да избричиме дел од главата, а другиот дел да го оставиме).

Од Ебу Сеид ел Худри, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Мажот да не гледа во интимниот дел од телото на друг маж, а жената да не гледа во интимниот дел од телото на друга жена. Покрај тоа, мажот нема да лежи со друг маж под иста покривка и жена нема да лежи со друга под истата покривка.“

Абдулах ибн Амр, радијаллаху анхума, рекол: „Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, не бил непристоен и не говорел непримерно,ј велел: ,Најдобрите од вас се оние со најубав карактер.‘“

Аиша, радијаллаху анха, ни пренесува велејќи: Го слушнав Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, како вели: „Верникот со убаво однесување ќе го достигне степенот на тие коишто често постеле и клањале (доброволно).“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верник со најпотполен иман-верување е тој со најубаво однесување, а најдобар помеѓу вас е тој што најубаво се однесува кон жените.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, вели дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан: „Што најмногу ќе ги однесе луѓето во Џенетот?" „Богобојазливоста и убаво однесување“, одговори тој. „А што најмногу ќе ги одведе луѓето до Огнот?", „Јазикот и половиот орган." одговорил Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Енес ибн Малик, радијаллаху анху, вели: „Аллаховиот пратеник, алејхи селам, имаше најубав карактер.“