- Забрането е да гледаме во срамните делови на сите други, освен на брачниот партнер.
- Исламот се грижи за чистотата на општеството и ги затвора сите патишта кои водат кон неморалноста.
- Дозволено е да се гледа во срамните делови на телото кога за тоа има потреба, како што е на пример при преглед кај доктор, но таквото гледање не смее да биде со страст.
- На муслиманот му е наредено да ги покрие срамните делови на телото и да го спушти погледот да не гледа во туѓите срамни делови на телото.
- Во хадисот конкретно се споменува забраната мажите да гледаат во мажите, а жените во жените, бидејќи постои поголема можност да се случи забранетото и да се откријат интимните делови.