- Поттик кон страв од Бога и да не се преокупираме со овосветските украси и убавини.
- Предупредување на искушението со жените, било да се работи за поглед, или дозвола на мешани собири со мажи кои не се махрем, или слично на тоа.
- Искушението на жените е едно од најголемите искушенија на овој свет.
- Земањето поука и совет од поранешните народи, бидејќи тоа што му се случило на народот Бену Исраил може да му се случи и на некој друг.
- Дури и сопругата може да биде искушение за мажот така што ќе го оптоварува со материјални трошоци што тој не може да ги поднесе и кои ќе го оддалечат од верата. Што се однесува до жена-туѓинец, таа може да биде искушение за мажот со тоа што ќе го заведе, и без потреба ќе се меша во друштво меѓу мажите, особено ако е со оскудна облека. Сето ова постепено може да доведе и до блуд. Затоа, верникот мора да побара засолниште кај Алах и да тежнее да биде спасен од ова искушение.