Ебу Берзете ел-Еслеми, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, алејхи селам рекол: „Нема да се придвижат стапалата на човекот на Судниот де...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè известува дека никој нема да ја помине фазата на пресметката на Судниот ден кон Џенетот или Џехенемот сè додека...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што се грижи за вдовицата и сиромашниот е како б...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известува дека оној кој се грижи за жената чиј сопруг починал, која нема кој да се залага за нејзините потреби и...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека збору...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нѐ известил дека верникот кој верува во Аллах и Судниот ден, кој неминовно ќе се случи и на тој ден ќе одговараме з...
Ебу Зер, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем ми порача: „Не потценувај ниедно добро дело, па дури и тоа да го...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè поттикнува во овој хадис да правиме добри дела и да не ги потценуваме, дури и ако ни изгледаат безначајни, како...
Од Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Придржувајте се кон искрен...
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, наредил придржување кон искреноста и објаснил дека истрајноста во искреноста го води човекот кон постојаност...

Ебу Берзете ел-Еслеми, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, алејхи селам рекол: „Нема да се придвижат стапалата на човекот на Судниот ден сè додека не биде прашан за четири работи: за неговиот живот – на што го потрошил, за неговото знаење – дали работел според тоа, за неговиот имот – како го заработил и како го потрошил и за неговото тело, како го користел.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што се грижи за вдовицата и сиромашниот е како борецот на Аллаховиот пат или како оној кој ноќе клања, а дење пости.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро, или нека молчи. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почитува својот сосед. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почести својот гостин.“

Ебу Зер, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем ми порача: „Не потценувај ниедно добро дело, па дури и тоа да го пресретнеш братот муслиман со насмевка на лицето."

Од Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Придржувајте се кон искреноста, бидејќи искреноста води кон добродетелството, а добродетелството води кон Џенетот. Човекот кој постојано е приврзан кон искреноста и се труди да биде искрен ќе биде запишан кај Аллах од искрените. И чувајте се од лагата, бидејќи лажењето води кон грев, а гревот води кон Огнот. Човекот кој постојано лаже и се стреми кон лагата ќе биде запишан кај Аллах како лажливец.“

Од Џерир бин Абдулах, радијаллаху анху: Рекол Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Кој нема милост кон луѓето и Аллах нема да има милост кон него.“

Абдулах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Муслиман е оној од чии јазик и раце се сигурни останатите муслимани, а мухаџир е оној кој ќе го напушти она кое Аллах го забранил.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Обврските на муслиманот кон другиот муслиман се пет на број: да му го возврати на селамот, да го посети болниот, да го следи џеназето, да му се одзвие на поканата и да му посака сомилост од Бог на оној што ќе кивне.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Се колнам во Аллах, нема да влезете во Џенетот додека не поверувате, а нема да поверувате додека не се засакате меѓусебно. Па зарем не сакате да ве известам за нешто кое, ако го правите, ќе се сакате? Ширете го селамот помеѓу вас.“

Абдулах ибн Амр, радијаллаху анху, рекол: „Некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кој е најдобриот ислам?‘, Тој одговорил: ,Да го нахраниш и да го поздравиш со селам и оној што го познаваш и оној што не го познаваш.‘“

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Сакате ли да ви укажам на дела преку кои Аллах ги брише гревовите и ги воздигнува степените?‘ Тие одговорија: ,Секако, о Божји пратенику.‘ Тој рече: ,Потполното земање на абдестот и кога е тешко, многубројните чекори до џамиите, и чекањето на намазот по намазот. Тоа е вистинското стражарење на Аллаховиот пат.‘“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро. Стреми се кон она што ќе ти користи и барај помош од Аллах во тоа, и не покажувајте немоќ. Ако те снајде нешто, не вели: ,Да направев така и така, ќе беше така и така‘, туку кажи: ,Тоа е Аллахова одредба и Тој прави што сака‘, бидејќи со зборовите ,да направев‘ му се отвора можност на шејтанот да делува.“