- Асхабите инсистирале да ги дознаат делата/особините кои ќе им користат на овој и на идниот свет.
- Поздравување со селам и хранењето се меѓу најдобрите дела во исламот, заради нивната вредност и постојаната потреба на луѓето за нив.
- Правејќи ги овие две работи, се комплетира добродетелството со збор и дело, а тоа е најпотполното добродетелство (ихсан).
- Овие две дела се однесуваат на меѓу-муслиманските односи. Од друга страна, имаме дела кои се поврзуваат со односот на човекот и неговиот Господар.
- Поздравувањето со селам се однесува само на муслиманите. Не е пропишано неверникот првично да се поздравува се селам.