Од Абдулах ибн Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го прашав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: ,Кој е најголемиот грев кај Аллах?‘ Тој...
Аллаховиот пратеник е прашан за најголемите гревови, па одговорил: дека тоа е ширкот, тоа е да веруваме дека Аллах има партнер и истоветен во улухијет...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах вели: Јас сум Тој ш...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè известува дека Возвишениот Аллах рекол дека Тој нема потреба некој да се смета за рамен со Аллах и нем...
Се пренесува од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Сите од мојот умет ќе влезат во Џенетот, освен тие што...
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ извести дека секој припадник на неговиот умет ќе влезе во Џенетот, освен тој што ќе се спротивстави...
Од Омер бин Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Немој...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранува претерување и преминување на шеријатските граници во неговото фалење и опишување со особини и д...
Се пренесува дека Енес, радијаллаху анху, кажал: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде верник сè додека не...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè информира дека муслиманот нема да има целосно верување се додека не ѝ даде предност на љубовта кон Аллаховиот пр...

Од Абдулах ибн Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го прашав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: ,Кој е најголемиот грев кај Аллах?‘ Тој одговори: ,На Аллах да му припишеш здруженик, а Тој те создал‘, реков: ,Навистина е голем грев.‘, и додадов: ,А кој е најголемиот грев после него?‘ Тој рече: ,Да го убиеш своето чедо, плашејќи се од сиромаштија.‘ Пак прашав: ,А по него?‘, а тој одговори: ,Да направиш блуд со жената на соседот.‘“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах вели: Јас сум Тој што најмалку има потреба некој да му се здружува. Кој ќе направи дело во кое ќе Ми здружи некого, го оставам него и неговиот ширк.“

Се пренесува од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Сите од мојот умет ќе влезат во Џенетот, освен тие што ќе го одбијат тоа. Го прашаа: О, Аллахов пратенику, а кој ќе го одбие тоа?' Тој одговори: ,Кој ќе ми се покори, ќе влезе во Џенетот, а тој што ќе ми биде непокорен, таквиот одбил.'".

Од Омер бин Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Немојте да ме воздигнувате како што христијаните претерале во воздигнувањето на Иса синот Мејремин, алејхи селам. Навистина јас сум само роб па кажете: ,Аллахов роб и Негов пратеник.‘“

Се пренесува дека Енес, радијаллаху анху, кажал: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде верник сè додека не ме сака повеќе од неговиот татко, неговото дете и од сите луѓе.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Оставете ме и не прашувајте ме повеќе од она што сум ве известил, бидејќи оние пред вас беа уништени поради нивните многубројни прашања и спротивставувањето на нивните веровесници. Кога ќе ви забранам нешто, воздржете се од тоа, а кога ќе ви наредам нешто, извршете го според вашите можности.“

Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Пренесете од мене па дури и еден ајет, и раскажувајте за синовите Израилови, нема пречка. А кој намерно ќе излаже за мене, нека си го подготви своето место во Огнот.“

Микдам бин Ма’дикериб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Можеби ќе дојде време кога некој ќе слушне за мојот хадис додека лежи на својата софа и ќе каже: ,Меѓу нас и вас е Аллаховата Книга. Што ќе најдеме во неа дека е дозволено, ќе го сметаме за дозволено, а што ќе најдеме дека е забрането, ќе го сметаме за забрането.’ Навистина, она што го забранил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е еднакво како и она кое го забранил Аллах.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллаху мој, не дозволувај мојот гроб да стане идол за обожување! Аллаховото проклетство нека биде врз оние кои ги претвораат гробовите на своите пратеници во џамии!“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не правете од вашите домови гробници, ниту од мојот гроб светилиште. Испраќајте поздрави до мене, бидејќи вашите салавати ќе ми се достават каде и да сте.“

Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува дека Уму Селеме му ја спомнала на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, црквата наречена ,Марија‘ која ја видела во Абисинија, а во која имало икони и фрески. Пратеникот ѝ рекол: ,Тие луѓе, кога меѓу нив некој добар човек ќе умрел, граделе храм врз неговиот гроб, и ги цртале тие слики. Тие се најлошите суштества кај Возвишениот Аллах.‘“

Џундуб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Слушнав како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пет ноќи пред неговата смрт, вели: „ При Аллах барам заштита ако некого друг освен Аллах земам за близок пријател. Јас сум Аллахов миленик како што Аллахов миленик беше Ибрахим, алејхи селам. Доколку некого од луѓето ќе го прогласев за мој многу близок пријател тоа ќе беше Ебу Бекр, но мој најблизок (халил) е Аллах. Навистина, народите пред вас гробовите на Божјите пратеници ги претворија во џамии, вие тоа немојте да го правите – јас тоа ви го забранувам.“