- Пречекорувањето на шеријатските граници во врска со гробовите на пратениците и добрите луѓе води кон тоа да се обожуваат покрај Аллах, па затоа треба да се внимава на делата кои водат кон многубоштвото.
- Не е дозволено да се посетуваат гробовите со цел да се величаат и обожуваат, без разлика на положбата на мртвиот кај Аллах.
- Забрането е градењето на џамии врз гробовите.
- Забрането е да се извршува намаз кај гробовите, дури и ако не е изградена џамија, освен џеназе намазот ако не е извршен на друго место.