- Љубовта кон Аллаховиот пратеник, алејхи селам, е задолжителна, исто така таа мора да биде пред љубовта кон другитe, било да се луѓе или други живи суштества.
- Од знаците на потполна љубов е: Да ја помогнеме традицијата-Сунетот на Аллаховиот пратеник, со лична и материјална жртва.
- Љубовта кон Аллаховиот пратеник, алејхи селам, значи да им се покоруваме на неговите заповеди, да ги сметаме за вистина сите работи со кои нè извести, да се оддалечиме од она што тој го забрани, да ја следиме неговата традиција и да ги избегнуваме бидатите.
- Правото кое го има Аллаховиот Пратеник е поголемо и поприоритетно од правото на кое било човечко суштество, поради фактот што тој е причината за нашето упатство, нашето спасение од Џехенемот и влез во Џенетот.