Пренесено е дека Ебу ел Хејаџ ел Есдиј, рекол: „Али бин Ебу Талиб ми рече: ,Дали сакаш да те задолжам со истото со кое ме задолжи Аллаховиот Пратеник,...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ги испраќаше своите асхаби велејќи им да не остават ниту еден кип – а тоа е слика или скулптура на нешто кое има ду...
Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Суеверието е ширк, суеверието е ширк...
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè предупредил за суеверието, без оглед дали тоа е нешто што се слуша или гледа, или се одредува со помош на бројки...
Имран бин Хусајн, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не е наш тој што претскажува злокобност пре...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, им се заканил на тие луѓе од неговиот умет што ќе направат некои дела со зборовите: „Не е наш“, а тие дела се: П...
Од Енес бин Малик, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нема ,адва‘, нема суеверие и ми се допа...
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè известува дека „адва“, верувањето кое било присутно кај предисламските Арапи дека болеста може сама по себе да п...
Зејд ибн Халид ел Џухени, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: „Божјиот пратеник нè предводеше на утринскиот (сабах) намаз кај Худејбије по една...
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го предводеше намазот во Худејбија, село во близина на Мека, по дождот што падна таа ноќ. Кога заврши со...

Пренесено е дека Ебу ел Хејаџ ел Есдиј, рекол: „Али бин Ебу Талиб ми рече: ,Дали сакаш да те задолжам со истото со кое ме задолжи Аллаховиот Пратеник, алејхи селам? Урни го секој кип и срамни го секој издигнат гроб!‘“

Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Суеверието е ширк, суеверието е ширк, суеверието е ширк“, трипати. Тоа се случува кај секој од нас, но Возвишениот Аллах го отстранува од човекот кога тој ќе се потпре врз Него.

Имран бин Хусајн, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не е наш тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува, тој што гата и кому му се гата, и тој што прави маѓија и за кого се прави маѓија. Тој што ќе заврзе јазол и тој што ќе посети гатач и му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед, алејхи селам.“

Од Енес бин Малик, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нема ,адва‘, нема суеверие и ми се допаѓа ,Фел‘: А што е ,фел‘, го прашале, а тој одговорил: ,Убавиот збор.‘“

Зејд ибн Халид ел Џухени, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: „Божјиот пратеник нè предводеше на утринскиот (сабах) намаз кај Худејбије по една дождлива ноќ. По намазот се сврте кон луѓето и рече: ,Дали знаете што вели вашиот Господар?' Присутните рекоа: ,Тоа најдобро го знаат Аллах и Неговиот пратеник.' Рече: ,Некои мои робови се разбудија како верници а некои како неверници. Тие што рекоа: Врне дожд поради Аллаховата добрина и сомилост, се верници и тие не веруваат во планетите. Другите кои рекоа врне дожд поради оваа позиција на ѕвездите не веруваат во Мене, туку веруваат во планетите.'"

Од Укбе ибн Амир ел Џухени, радијаллаху анху се пренесува: „Група луѓе дошле кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и тој ја прифатил заклетвата од девет, но не сакал да ја прифати од еднен од нив. ,Аллахов пратенику, ти ја прифати заклетвата од деветмина, а не ја прифати од еден од нив?‘ тој им рече: ,Тој носи амајлија.‘ Човекот потоа ја откина и ја фрли, па Пратеникот ја прифати заклетвата и од него. Пратеникот тогаш рекол: ,Кој ќе стави амајлија, направил ширк.‘“

Од Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, се пренесува: Го слушнав Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, како рекол: „Навистина (некои форми на) рукјата, амајлиите и тивелите се дела на ширк."

Од една од сопругите на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се пренесува дека тој рекол: „Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му се прими четириесет ноќи.“

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, слушнал некој човек како вели: „Не, се колнам во Ќаба.“, па Ибн Омер рекол: „Не се колни во ништо друго освен во Аллах, бидејќи го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, направил неверство (куфр) или многубоштво (ширк).'“

Ебу Муса ел-Ешари, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Дојдов кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со група од племето Ешари за да побараме средство за превоз. Тој ни рече: ,Се колнам во Аллах, не можам да ви обезбедам јаваници бидејќи немам можност за тоа.‘ Останавме таму извесно време, колку што Аллах го одредил, а во меѓувреме му беа донесени камили. Тогаш нè повика и ни додели три камили. Кога тргнавме, некои од нас рекоа еден на друг: ,Аллах нема да ни даде бериќет, побаравме од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, да ни обезбеди јаваници, тој се заколна дека нема, а сепак ни даде.‘“ Продолжува Ебу Муса: „Повторно се вративме кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и му го спомнавме тоа, а тој ни рече: ,Јас не ви ги дадов, туку Аллах. Се колнам во Аллах, дека иншаллах ако дадам заклетва, а потоа видам дека нешто друго е подобро, ќе се искупам за заклетвата и ќе го направам она што е подобро.‘“

Од Хузејфе, радијаллаху анху, се пренесува, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Немој да велите: ,Тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој‘, туку кажете: ,Тоа што го сака Аллах, па потоа тоа што го сака тој и тој.‘“

Од Махмуд бин Лебид, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Најмногу се плашам за вас од малиот ширк?‘. Присутните прашаа: ,А што е тоа мал ширк, о, Аллахов пратенику?‘ Тој одговори: ,Преправањето!, на Судниот ден, кога ќе им суди на луѓето според нивните дела, Возвишениот Аллах ќе им рече: Одете кај оние за кои се преправавте и видете дали ќе ви дадат некаква награда.‘“