Објаснување
Ебу Муса ел-Ешари, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека пристигнал кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, заедно со група од своето племе со цел да побараат камили за да учествуваат во џихад. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се заколнал дека нема да им даде камили јаваници, бидејќи во тој момент немал можност да им ги обезбеди истите. Тие се вратиле и останале така извесен период, сè додека кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не беа донесени три камили. Тој им ги испратил, но некои од нив рекоа: „Аллах нема да ни даде бериќет во овие камили, бидејќи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се заколна дека нема да ни даде камили јаваници, а сепак ни даде.“ Повторно отидоа кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го прашаа за тоа, а тој им одговори: „Јас не ве снабдив, туку Аллах, бидејќи Тој е Оној што дава и снабдува, а јас сум само причината преку кого тоа се случи.“ Потоа додаде: „Се колнам во Аллах, ако некогаш се заколнам дека ќе направам нешто или ќе го оставам, а потоа видам дека нешто друго е подобро, тогаш ќе го направам подоброто, ќе се откажам од својата заклетва и ќе се искупам за неа.“