- Забрането е да се каже: „Што сака Аллах и што сакаш ти“, и слични изрази во кои Аллах е поставен на иста ниво со некој друг, со сврзникот „и“. Ова претставува ширк во изразувањето и говорот.
- Дозволено е да кажеме: „Што сака Аллах, а потоа што посакуваш ти“, и слични фрази, затоа што сврзникот овде е направен со зборот „потоа“, бидејќи така се избегнува забранетото.
- Потврда на Аллаховото својство да посака, како и потврдата дека човекот исто посакува, но човековото сакање е подредено на сакањето на Возвишениот Аллах.
- Забрана да го ставиме на исто ниво посакувањето на човекот со она што Аллах го сака, па дури и да е само со зборови.
- А доколку, тој што кажува така, верува дека сакањето на човек е исто како и она што Аллах го сака, дека се еднакви во сеопфатноста и универзалноста, или да смета дека човекот има независна волја, тогаш тоа претставува голем ширк, а ако не верува вака, тогаш е мал ширк.