- Забрането е да се занимаваме со гатање, истовремено и да отидеме кај гатачите и да ги прашуваме за непознатото.
- Човекот може да ја изгуби наградата за некое добро дело како казна заради гревот што го направил.
- Значењето на овој хадис вклучува и забрана на хороскопи, читање во дланка и гледање во филџан, дури ако е од чиста љубопитност. Сето ова е гатање и претендира знаење на гајбот-непознатото.
- Ако е ваква казната за тој што оди кај гатачот, а каква ќе биде, тогаш, казната за самиот гатач?
- Намазот во тие четириесет дена ќе важи и не мораме накнадно да ги клањаме (казаа) тие намази, но за нив нема да добиеме никаква награда.