- Чување на монотеизмот и верувањето од работите кои им се спротивставуваат.
- Забрането е да користиме рукја во која има многубоштво, амајлии или таканареченото „тивеле".
- Кога некој би поверувал дека овие три работи се причина за добро и отстранување на штета, тој би направил помал ширк; и ако тој смета дека тие сами по себе можат да дадат корист или да ја отстранат штетата, тогаш тоа би било голем ширк со кој излегуваме од верата.
- Предупредување за причините кои се забранети или се многубоштво.
- Забранета е рукја која содржи многубоштво, но не и таа која е пропишана според исламското законодавство.
- Срцето треба да ни е поврзано единствено со Аллах, само кај Него е одлуката за корист и штета и никој друг нема влијание, па така доброто не доаѓа освен од Аллах и штетата не може да ја отстрани друг, освен Аллах Возвишениот.
- Дозволената рукја мора да исполнува три услови: 1. Да веруваме дека оваа рукја е само причина, и нема да биде корисна освен ако Аллах дозволи. 2. Да се базира на Куранот, убавите Аллахови имиња и својства, и на молитви пренесени од Аллаховиот пратеник или од пропишаните молитви. 3. Да се изговараат на разбирлив начин и да не содржат неразбирливи симболи, формули и врачање.