/ Дали сакаш да те задолжам со истото со кое ме задолжи Аллаховиот Пратеник, алејхи селам? Урни го секој кип и срамни го секој издигнат гроб!‘“...

Дали сакаш да те задолжам со истото со кое ме задолжи Аллаховиот Пратеник, алејхи селам? Урни го секој кип и срамни го секој издигнат гроб!‘“...

Пренесено е дека Ебу ел Хејаџ ел Есдиј, рекол: „Али бин Ебу Талиб ми рече: ,Дали сакаш да те задолжам со истото со кое ме задолжи Аллаховиот Пратеник, алејхи селам? Урни го секој кип и срамни го секој издигнат гроб!‘“
رواه مسلم

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ги испраќаше своите асхаби велејќи им да не остават ниту еден кип – а тоа е слика или скулптура на нешто кое има душа и тело, или има душа без тело – а да не го уништат. Исто така и да не остане ниту една издигната гробница, а да не ја срамнат со земјата и да го срушат тоа што било изградено врз гробот. Тие би го израмниле да не биде многу високо над земјата, туку да биде во висина до еден лакт.

Hadeeth benefits

  1. Забрането е сликање и правење скулптури на тоа што поседува душа, бидејќи тој чин претставува пат кон многубоштвото.
  2. Обврска е да го спречиме злото со рацете, ако имаме надлежност и можност тоа да го направиме.
  3. Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се грижеше да ги избрише сите работи кои упатуваа на предисламското неверие, како што беше сликањето, правењето кипови и градбите врз гробовите.