- Забрането е да градиме џамија врз гробовите, или да клањаме свртени кон нив, да ги закопуваме починатите во внатрешноста на џамијата, така ќе се заштитиме од тоа да направиме дело на многубоштво.
- Градењето на храм врз гробови и сликање на фрески во нивната внатрешност, е дело на евреите и христијаните, и кој ќе направи така, ќе се поистовети со нив.
- Забрането е сликање на живи суштества.
- Кој ќе изгради џамија врз гроб и нацрта слика со фрески во внатрешноста, тој е најлошото Аллахово создание.
- Верозаконот во потполност ја чува положбата на тевхидот-монотеизмот, и го брани од сите можни патишта кои водат кон ширк-многубоштво.
- Забрането е да претеруваме за добрите луѓе, бидејќи тоа може да биде причина да направиме ширк.