- Забраната за запоставување на домовите од правењето ибадет во нив.
- Забрането е да се патува со цел само за да се посети гробот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи тој наредил да се испраќаат поздрави до него и известил дека ќе му пристигнат од секаде, а патувањето треба да биде со цел да се посети џамијата и да се клања во неа.
- Забрането е посетата на гробот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, да го претвори истиот во светилиште, со постојано посетување, на специфичен начин во одредено време, истото важи и за посетата на кој било гроб на тој начин.
- Вредноста и положбата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кај неговиот Господар, се огледа во тоа што е дозволено да се испраќаат салавати и селами до него во секое време и на секое место.
- Бидејќи забраната за молитва кај гробовите била утврдена кај асхабите, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил домовите да се претворат во гробишта, каде што нема да се клања.