- Поттик на меѓусебно помагање и подршка во исполнување на потребите на најзагрозените.
- Ибадетот го опфаќа секое добро дело, а дел од ибадетот е да се грижиме за вдовиците и сиромашните.
- Ибн Хубејра рекол: овде се мисли дека Возвишениот Аллах ќе му ја соедини на тој човек наградата на постачот, на тој што клања ноќен намаз и на тој што се бори на Аллаховиот пат во едно. Затоа што тој се грижел за вдовицата наместо нејзиниот сопруг и се грижи за сиромашните кои не се во состојба сами да се снајдат. На нив го троши и го дели својот имот, а користа што ја прави е еднаква на тој што пости, клања ноќе и се бори.