Објаснување
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни појаснува дека секој верник е добар и корисен. Меѓутоа, силен верник во поглед на верувањето, решителноста, имотната состојба и другите аспекти на сила е подобар и помил кај Аллах од послабиот верник. Пратеникот, алејхи селам, потоа ни објаснува дека верникот треба да го прави и да го преземе она што му користи на двата света, дека треба да се потпира на Аллах, Возвишениот, и да бара помош од Него. После тоа, ни забрани да бидеме мрзеливи, слаби и тромави кога треба да го правиме она што ни користи и во двата света. Кога верникот го прави она што е во негова моќ, според условите, и бара помош и секое добро од Аллах, не му останува ништо друго освен да се потпре на Него. Тој знае дека во секој случај, изборот на Аллах е најдобриот. А ако потоа му се случи некое искушение, немој да каже: „Ако јас направев вака, ќе се случеше вака.“ „Навистина, зборовите ,Ако јас‘ ја отвораат можноста за дејствување на шејтанот и претставуваат спротивставување на Аллаховиот кадер и жалење за она што поминало. Тој, со целосна предаденост и задоволство, треба да каже: Аллах така одредил и се случи како Тој сакаше.“ Што и да му се случи, ќе му се случи она кое го одредил Аллах. Тој прави што сака и никој не може да Му се спротивстави во Неговите одредби и прописи.