- Влез во Џенетот не е можен без иманот-верувањето.
- Потполн иман е кога муслиманот му посакува на братот муслиман она што го сака и за себе.
- Пофално е да го шириме „селамот“ и да ги поздравуваме муслиманите со него, бидејќи со него шириме љубов и сигурност помеѓу луѓето.
- Поздравувањето со селам е само за муслиманите, бидејќи Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: „Помеѓу вас.“
- Поздравување со селам го брише непријателството, прекинувањето на врските и одбегнувањето на луѓето.
- Важноста на љубовта помеѓу муслиманите, таа го потполнува иманот-верувањето.
- Во друг хадис е пренесен целосен израз на поздравувањето со селам: „Ес-селаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху“, а доволно е и: „Ес-селаму алејкум.“