- Обврска е да се исполнат условите кои ги поставиле брачните парови меѓусебно, освен ако не се работи за некој услов кој забранува дозволеното или го дозволува забранетото.
- Условите поставени при брачниот договор се поважни од останатите, затоа што тие се причината да се дозволат интимните односи.
- Бракот има важно место и позиција во исламот, со оглед на тоа дека е потврдена обврска која подразбира исполнување на условите.