- Леснотијата и едноставноста на исламскиот шеријат, како и неговата умереност меѓу претерувањето и немарноста.
- На верникот му е наредено да ги извршува делата во рамките на неговите можности, без претерана строгост или попустливост.
- Верникот треба да ги избира времињата кога има најмногу енергија за ибадет, а посебно овие три периоди се најпогодни, бидејќи тогаш телото е најспремно и најиздржливо за ибадетот.
- Ибн Хаџер ел-Аскелани рекол: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како да му се обраќал на патник што патува кон својата цел. Овие три временски периоди се најповолни за патникот, па го насочил на времињата кога ќе биде најактивен. Ако патникот продолжи да патува и дење и ноќе без пауза, ќе се изнемошти и нема да може да го продолжи патувањето. Но, ако патува само во овие погодни периоди, ќе може да продолжи патувањето без потешкотии.“
- Ибн Хаџер рекол: „Овој хадис укажува на важноста на прифаќање на олеснувањата што ги дозволува шеријатот. Претерувањето и инсистирањето на строгоста таму каде што е дозволено олеснувањето претставува непотребна тежина, како на пример оној што го остава тејемумот и покрај тоа што не може да користи вода, па со користењето на вода си нанесува штета.“
- Ибн ел-Мунир рекол: „Овој хадис е еден од доказите на пратеништвото на Божјиот пратеник. Ние, како и тие пред нас, сме сведоци дека секој што претерува во верата, на крајот се изнемоштува и се откажува. Но, тука не се мисли на спречување на стремежот кон совршенството во ибадетот, бидејќи тоа е пофалено. Наместо тоа, се предупредува на претерување што води до замор или до прекумерно вложување во доброволни дела, кои пак можат да доведат до запоставување на поважните обврски. На пример, некој што ќе клања цела ноќ, па ќе преспие и ќе го пропушти сабах намазот во џемат, или ќе го пропушти задолжителниот намаз со излегувањето на неговото време.“