- Од Аллаховата милост кон Неговите робови е тоа што им ги брише гревовите уште на овој свет преку неволјите и искушенијата кои ги снаоѓаат.
- Самите скушенија се доволни за бришење на гревовите, но под услов човекот да биде верник. Ако остане трпелив и не негодува, ќе биде награден за тоа.
- Трпението е потребно во сите животни околности, како во благосостојбата така и при потешкотиите. Човекот треба да биде истраен сè додека не го исполни она што Аллах му го наредил и сè додека не се воздржи од она што Аллах го забранил, надевајќи се на Неговата награда и плашејќи се од Неговата казна.
- Зборовите „верникот и верничката“ јасно укажуваат дека ова ветување важи подеднакво и за жените. Дури и ако беше спомнат само верникот, и жените ќе беа опфатени, но со ова посебно се истакнува дека и кога жената ќе биде погодена од искушение, таа ќе ја има истата награда – бришење на гревовите и престапите.
- Она што му ја олеснува болката на човекот од постојаните искушенија е свеста за големата награда што произлегува од нив.