- Обврска за цврсто придржување кон верата и да побрзаме со правење на добри дела, пред да се појават пречки што ќе го оневозможат тоа.
- Укажување на непрекинатата појава на заведувачки искушенија пред крајот на светот, така што по завршувањето на едно искушение, веднаш ќе следи друго.
- Кога верата на човекот ќе ослабне и тој ќе ја остави во замена за дуњалучки нешта, како што е богатството или нешто слично, тоа станува причина за неговото скршнување од патот верата и негово препуштање на искушенијата.
- Хадисот укажува дека добрите дела се причина за спас од искушенијата.
- Искушенијата се од два вида: искушенија на сомнежите, чиј лек е знаењето, и искушенија на страстите, чиј лек се иманот и трпението.
- Хадисот исто така укажува дека оној што прави малку добри дела побргу ќе биде изложен на искушенијата, додека оној што прави многу дела не треба да се занесува со она што го постигнал, туку постојано да се стреми кон уште повеќе.