Објаснување
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека барањето прошка има неколку форми, а најдобрата и највредната е Аллаховиот роб да каже: „Аллахумме Енте Рабби, ла илахе илла Енте, халактени, ве ене 'абдуке, ве ене ‘ала ‘ахдике ве ва’дике местета’ту, е’узу бике мин шерри ма сана’ту, ебу’у леке би ни’метике 'алејје, ве ебу’у леке би зенби, фагфир ли фе иннеху ла јагфируз-зунубе илла Енте.“ Човекот овде, пред сè, признава дека едноштвото му припаѓа само на Аллах и дека Тој е неговиот Создател и Бог и дека нема никаков здруженик. Покрај тоа, човекот изјавува дека се заколнал дека ќе верува во Аллах и дека ќе Му се покорува најдобро што може. Ова треба да се нагласи затоа што колку и да врши ибадети, тој никогаш нема да може целосно да исполни сè што Семоќниот бара од него, ниту ќе може во потполност да Му се заблагодари. Затоа, човекот се засолнува кај Аллах и бара прибежиште кај Него од злото што тој самиот го прави. Признава дека сите благодати доаѓаат од Севишниот и ги признава своите гревови и непослушноста што ги прави. По ова, човекот бара од Аллах, преку Неговата милост и благодарност, да му ги сокрие и прости гревовите и да го спаси од нивните последици, бидејќи тоа не може никој друг да го направи освен Тој, Возвишениот. Пратеникот потоа нè информира дека оваа форма на барање прошка е дел од утринскиот и вечерниот зикр. Кој ќе го каже овој истигфар на почетокот на денот, од изгрејсонцето додека Сонцето го достигне својот зенит, цврсто верувајќи и знаејќи го неговото значење, а потоа умре, ќе биде еден од жителите на Џенетот. А кој го каже во текот на ноќта, од зајдисонце до зори, и умре пред зори, тој ќе влезе во Џенетот.