раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секоја ноќ кога ќе легнел во постела, ги собирал дланките, дувал во нив и рецитирал: (Кажи: „Тој е Аллах, Еден е!"), (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на мугрите.") и (Кажи: „Ба...
Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секоја ноќ кога ќе легнел во постела, ги собирал дланките, дувал во нив и рецитирал: (Кажи: „Тој е Аллах, Еден е!"), (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на мугрите.") и (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на луѓето"). Потоа, поминуваше со дланките преку телото колку што можеше, почнувајќи од главата и лицето и продолжувајќи со остатокот од телото. Ова го правеше трипати.
رواه البخاري
Објаснување
Од праксата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше кога ќе легнеше да спие, да ги собере дланките, да ги подигне како за време на дова и нежно да дувне во нив со малку плунка, а потоа да ги рецитира: (Кажи: „Тој е Аллах, Еден е!"), (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на мугрите") и (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на луѓето"). Потоа со дланките ќе поминеше преку телото колку што можеше, почнувајќи од главата и лицето и продолжувајќи со предниот дел од телото. Ова го повторуваше трипати.
Hadeeth benefits
Препорачливо е да се рецитира сурата Ел Ихлас и двете заштитни сури пред спиење, потоа да се дувне во дланките и да се помине со нив преку телото колку што се може.
Comportir
Use the QR code to easily share the message of Islam with others