- Ширината и големината на Аллаховата милост, прошка и добрина.
- Вредноста на тевхидот и дека Аллах им ги простува гревовите и престапите на оние кои се мувехиди (монотеисти).
- Опасноста од ширкот и дека Аллах не им простува на оние кои Му припишуваат здруженици.
- Ибн Реџеб рекол: „Овој хадис ги содржи трите причини за добивање прошка за гревовите:
- 1. Обраќање со дова и надеж во Аллаховата милост.
- 2. Барање прошка и покајание.
- 3. Смрт во состојба на тевхид.“
- Овој хадис е еден од хадисите што Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги пренесува од својот Господар и се нарекува како хадис кудси. Тој по своето значење и израз доаѓа од Аллах, но не ги поседува посебните својства на Куранот, каков е фактот дека читањето на Куранот претставува посебен облик на ибадет, за истиот е пропишана задолжителната чистота (абдест) при читање, неговата натприродност и предизвик до луѓето да достават нешто слично на него, и друго.
- Гревовите се делат на три вида:
- 1. Ширкот – Аллах не го простува овој грев. Возвишениот Аллах вели: „Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во Џенетот." (Ел Маиде, 72)
- 2. Зулумот, неправдата што човекот си ја нанесува себеси во неговиот однос кон Аллах, преку правењето престапи и гревови. Аллах ги простува таквите гревови и преминува преку нив, ако сака.
- 3. Гревовите во односите меѓу луѓето, каде што е направена неправда кон другите. Аллах нема да ги остави овие гревови и неопходно е да има казна и компензација за нив.