- Ибадетите се базираат само врз Куранот и хадисот, ние не го обожуваме Аллах, Возвишениот, на друг начин освен на оној што ни е пропишан со верозаконот, а не според измислени новини.
- Верата не е подложна на формулирање според нечие мислење и не се одредува според тоа што се смета за убаво, туку е со следење на Аллаховиот пратеник, алејхи селам.
- Овој хадис укажува на совршеноста на верата.
- „Бидат“ е секоја измислица/новина што се внесува во верата, а која не постоела во времето на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и неговите асхаби, било да е верување, говор или дело.
- Овој хадис е еден од основите на исламот и служи како вага за делата. Како што за секое дело кое не е направено во име на Аллах сторителот нема да биде награден, истотака секое дело кое не е направено според традицијата на Аллаховиот пратеник нема да му се прифати на сторителот.
- Измислени забранети работи се тие поврзани со верата, а не со овоземските работи.