- Иманот има многу ограноци, a некои од нив се повредни од останатите.
- Иманот се манифестира со говор, дело и убедувања.
- Да се срамиме од Аллах значи: Тој да не те види таму каде ти забранил да бидеш и да бидеш присутен таму каде Тој ти наредил да бидеш.
- Спомнувањето на бројката во овој хадис не укажува на ограничување. Терминот укажува на тоа дека има многу ограноци на верувањето, но Арапите некогаш спомнуваат одредена бројќа не заради ограничување, туку за да укажат на мноштво кое не може да се изрази со егзактен број.