- Значењето на сведоштвото „Нема друг вистински бог освен Аллах“ е да се обожува само Аллах и да се отфрли обожувањето на сè друго покрај Него.
- Значењето на сведоштвото „Мухамед е Аллахов пратеник“ е да се верува во него и во она со што е пратен и ни го доставил, и да се потврди дека тој е последниот Аллахов пратеник до човештвото.
- Обраќањето кон учените и оние кои имаат сомнежи не е исто како обраќањето кон неуките; затоа Муаз беше претходно предупреден со зборовите: „Ќе дојдеш кај народ кои се следбеници на книгата.“
- Важно е муслиманот да има јасно разбирање за својата вера за да ги избегне сомнежите на оние кои се борат против исламот со ширење сомнежи околу него, а тоа се постигнува со учењето на верата.
- Верата на евреите и христијаните е дерогирана по доаѓањето на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и тие нема да бидат спасени на Судниот ден сè додека не влезат во исламот и не поверуваат во Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.