/ „Нашиот Возвишениот Господар секоја вечер кога ќе настапи последната третина од ноќта

„Нашиот Возвишениот Господар секоја вечер кога ќе настапи последната третина од ноќта

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Нашиот Возвишениот Господар секоја вечер кога ќе настапи последната третина од ноќта се спушта на земното небо и вели: ,Има ли некој што ме моли, па да му се одѕвијам? Има ли некој да бара нешто од Мене, па Јас да му дадам, има ли некој што бара од Мене прошка, па да му простам?‘“
متفق عليه

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека Возвишениот Аллах се спушта на земното небо секоја вечер кога ќе настапи последната третина од ноќта. Тој потоа нѐ поттикнува да Го молиме затоа што ќе се одѕвие, поттикнува да бараме од Него затоа што ќе даде, и повикува да бараме од Него прошка затоа што Тој им простува на Своите робови верници.

Hadeeth benefits

  1. Вредноста на последната третина од ноќта, како и вредноста на намазот, довата и истигфарот во тоа време.
  2. Кога човекот ќе го слушне овој хадис треба да биде истраен да го искористи времето во кое довите се примаат.