- Наредбата кон доброто и упатувањето на неуките и невнимателните не треба да се одложува, особено ако нивните постапки ќе бидат причина да не им се признае/прими ибадетот.
- Обврска е водата да ги намокри сите делови од телото кои се мијат при абдест. Кој ќе остави дури и мал дел од телото неизмиен, абдестот не му е валиден и ќе мора повторно да го земе ако поминало долго време.
- Обврска е правилно да земеме абдест, така што потполно ќе ги извршиме постапките на абдестот како што ни е наредено со исламските прописи.
- Стапалата се делот кој се мие при земањето абдест и не е доволно да ги поминеме со влажна дланка-месх, туку мора се измијат.
- Не смее да помине долго време помеѓу миење на два дела од телото, така што ќе го измиеме следниот дел на телото пред да се исуши претходниот дел на телото кој го миевме.
- Незнаењето или заборавањето не се причината да изоставиме некоја обврска, тие се причината да немаме грев за тоа, па така овој човек кој не замал абдест прописно заради незнаењето, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, не му дозволил да ја изостави обврската која ја имал, а тоа е абдестот, туку му наредил да го повтори.