- Поттик да ги научиме правилата и сунетите на абдестот и според нив да земаме абдест.
- Вредноста на абдестот, тој е причината за простувањето на малите гревови, додека за големите гревови треба да се направи тевба.
- Услов за простување на гревовите е потполноста на абдестот, и да се земеме абдест како што ни покажал Аллаховиот пратеник, алејхи селам, без да испуштиме нешто.
- Простувањето на гревовите, спомнато во овој хадис, е условено со избегнувањето на големите гревови и направената тевба за истите, Аллах, Возвишениот, рекол: „Ако ги избегнувате големите гревови кои ви се забранети, Ние ќе ги покриеме вашите лоши дела.“ (Ен Ниса: 31).