- Основата на верата е верување во Аллаховиот „рубубујет“, господарство, во „улухијетот“, божественоста и во Неговите имиња и својства.
- Важноста на истрајноста по декларирањето на верувањето, перманентноста во ибадет, како и потполната стабилност во тие работи.
- Верувањето е услов за прифаќање на делото.
- Верувањето во Аллах, опфаќа сè што мора да се верува од постулатите и основите на верата, потоа следат внатрешните дела на срцето, но исто така и покорноста и потполната предаденост на Аллах, внатрешно и надворешно.
- Истрајност е да се држиме кон патот, со извршувањето на должностите и избегнувањето на забраните.