- Плунката на кучето претставува тежок вид нечистотија.
- Ако куче пие од садот, тогаш и садот и водата во него стануваат нечисти.
- Чистењето со земја и миењето седумпати се пропишани исклучиво за случај кога кучето пие од садот, а не за неговата урина, измет или друга нечистотија доколку ја оставило во садот.
- Садот се мие со земја така што во него се става вода, потоа се додава земја и се мие со таа смеса.
- Хадисот го опфаќа правилото за сите кучиња, вклучувајќи ги и оние што е дозволено да се чуваат, како ловечките кучиња, кучињата чувари и кучињата за чување на добитокот.
- Сапунот и другите средства за чистење не ја заменуваат земјата, бидејќи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, јасно нагласил да се користи земја.