- Постојат два вида гусул: минимален и целосен гусул. Минимален гусул е кога човекот ќе одлучи да земе гусул, а потоа го избања целото тело со вода, заедно со миење на устата и носот. Додека, комплетен гусл е човекот да се избања на начин како што се бањал Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и како е објаснето во овој хадис.
- Џунуб е секој кај кого се случила ејакулација или имал интимен однос па дури и да не дошло до ејакулација.
- Дозволено е сопружниците да гледаат во срамните места на својот партнер и да се бањаат користејќи ист сад.