- Пропишано е триењето/месхот на обувките кога земаме абдест после мала нечистотија, а што се однесува до големата нечистотија, тогаш мора да се измијат нозете.
- Месх-поминување со внатрешноста на раката врз горниот дел на ногата, се прави еднаш со намокрена рака врз горниот, а не врз долниот дел на ногата.
- Услов за да направиме месх на обувките е да имаме абдест и да бидеме потполно чисти кога ги облекуваме, да бидат и обувките чисти и да ги покриваат задолжителните делови на ногата, да ги избришеме само како замена на миењето нозе за абдест, а никако како замена во голема нечистотија (џунуб) или некоја друга ситуација која подразбира миење на нозете, исто така бришењето има ограничено времетраење според верозаконот а тоа е: еден ден и една ноќ за тој што не е на пат и три дена и ноќи за тој што е на пат (мусафир).
- По аналогија на обувките, секој сличен вид кој ја покрива ногата, како на пример чорапа, може да се користи на ист начин и дозволено е да направиме месх врз нив.
- Убавиот морал на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, и методата која ја користеше да ги подучи другите, кога го спречи Мугире да му ги собуе обувките, а потоа му ја објаснил причината: дека тој ги облекол кога веќе бил чист, за да почуствува спокој и да го научи прописот.